Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Случајност или фејсбук поддршка од членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и дел од новите пратеници за Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski

Фотографија која на Фејсбук ја објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски со партискиот шеф Христијан Мицкоски со порака „Одиме до крај! Друга опција немаме Претседателе“, можеби и немаше да претставува изненадување и ќе се подведеше како вообичаен начин на партиска комуникација и меѓусебно бодрење, ако сосема случајно, слична содржина не забележавме и кај идната пратеничка Бети Стаменковска Трајкоска, објави 360stepeni.mk. 

Одиме до крај!Друга опција немаме Претседателе! Со мудрост до целта!Да живее Република Македонија! 🇲🇰🦁

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10223317710392034&set=a.2248133323848&type=3&theater

— реклама —

Под фотографијата Стаменкска Трајкоска пишува:

 

https://www.facebook.com/betistamenkoska/photos/a.135882034775963/152813723082794/?type=3&theater

— реклама —

Овие статуси само ја поттикнаа новинарската љубопитност, па решивме да направиме мала проверка на Фејсбук профилите на пратениците кои беа избрани од листата на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори и на членовите на Извршниот комитет на оваа партија, пишува 360stepeni.mk. 

По отворањето на неколку профили, станува јасно дека во истиот стил, фотографија со лидерот и објава со поддршка, синоќа, со разлика од неколку часа пласирале десетина членови на највисокото партиско раководство и идни членови на македонското собрание од редовите на оваа партија.

Без да навлегуваме во тоа дали се работи за случајност или синхронизација, интересно е дека сите што го презеле овој чекор, говорат за тоа дека Мицкоски треба да остане лидер на партија.

— реклама —

Претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Јован Јаулески, сликан со лидерот на спортски натпревар порачува „нема откажување“, што логично води до претпоставка дека целта е можеби да се премисли некој што размислува за повлекување.

Нашиот избор бил, е и ќе биде Македонија!Нема откажување!

 

— реклама —

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања