Случајот „Секјуриком“ застарува за помалку од месец – Доневски и Гампер на чекор до конечна слобода, Апелација решила да не им ги конфискува милионите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
gamper

Ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски и сопственикот на „Секјуритиком“, Волфганг Гампер, против кои се водеа постапки за злоупотреби, за 26 дена, односно од септември, ќе бидат слободни граѓани. На судовите не им беа доволни седум години за да донесат правосилна судска одлука, па додека предметот се шеташе на релација Кривичен-Апелација, делата им застаруваат. Доневски и Гампер беа гонети за местење на тендер, односно злоупотреба на службена положба и овластување. Обвинението им беше поднесено во март 2018 година, а сега, предметот е пред Врховен суд, кој има нецел месец да одлучи, пред истиот да застари. Предметот две години седел во фиоките на Апелација, без да биде одлучен. Кога судиите решиле да одлучат по предметот, донеле одлука со која ги ослободиле осомничените, а решиле и да не се конфискува ниту имотот.

— реклама —

„Во повторената судска постапка на  8.2.2023 година  е донесена пресуда  со која двајцата ги добиваат прво изречените казни, но сега  со пресудата се конфискува имот и парични средства во вредност од 480.487.402 денари од двајцата обвинети, како и од правното лице Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДОО Скопје. Против оваа пресуда осудените вложиле жалби и во јуни 2023 година предметот е доставен до Апелациониот суд Скопје да решава по истите. Постапувајќи по жалбите, Апелациониот суд Скопје повторно ја укина пресудата и одлучи да закаже главна расправа.  Главната расправа во Апелациониот суд беше закажана на 10.7.2025 година и по изведување на доказите и извршено советување и гласање, на 14.7.2025 година е донесена пресуда со која двајцата осудени се ослободени од обвинение и не е досудена ниту конфискацијата што беше утврдена со пресудата на првостепениот суд“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.

— реклама —

Побаравме одговори и од Апелација, зошто предметот две години седел во фиока и не бил одлучен, а сега, судиите од Врховен се во трка со времето, пред тој да застари. Оттаму не добивме никакво објаснување, туку одговор кој гласи: „Согласно евиденцијата на Судот, бил заведен предмет, во кој како обвинети се јавуваат гореименуваните лица. Жалбената постапка во целост е завршена и предметот со сите списи е доставен до првостепениот суд на ден 21.07.2025 година“.

— реклама —

Доневски и Гампер беа гонети дека свесно ги пречекориле границите на службеното овластување со цел да прибават имотна корист за газдата на фирмата и самата фирма. Па според обвинителот, договориле спроведување на постапка за јавна набавка за одржување на хигиена, дактилографија, противпожарна опрема. Без спроведување на технички дијалог изготвиле записник, а ексдиректорот на СОЗР не ја поништил постапката, туку ја фаворизирал фирмата. Обвинителството тврди дека буџетот е оштетен за над 10 милиони евра.

Ако се следи целата постапка, може да се види дека првостепената судска одлука на Кривичен суд била донесена во јануари 2021 година, а Васе Доневски е осуден на затвор од три години, додека Гампер во отсуство е осуден на пет години затвор.

Апелација веќе во септември истата година ја укинува пресудата и предметот го враќа на повторно одлучување. Кривичен суд го суди случајот нови две години и во февруари 2023 година одлучува да ги одреди истите казни за обвинетите, но овојпат, одредува и конфискување на имотот и парите од двајцата обвинети, како и од „Секјуриком“.

Предметот е пак во рацете на судиите во Апелација од јуни 2023 година. Во октомври истата година, Апелација ја укинува пресудата и закажува јавна расправа, која се одржува две години подоцна во јули 2025 година. Судиите носат одлука да ги ослободат обвинетите, како и да не им се конфискува имотот. Сега предметот е во рацете на Врховниот суд, чија одлука се очекува.

Предметот требало да се води по скратена постапка, а со оглед дека од септември 2023 година се донесени измени на Кривичниот законик со кои е изменето и кривичното дело за кое се гонат двајцата обвинети, а пропишаната казна е до пет години затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања