Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Случајот со Вања е опомена за итно вовеведување на системот наречен Ambert Alert или 'Најди ме', алармира Змијанац

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
amber-alert

Драги Змијанац, основач на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ посочува: „Случајот со Вања е опомена за итно вовеведување на системот наречен Ambert Alert или 'Најди ме' воведен во Србија“.

„Игор Јуриќ заедно со Центарот за исчезнати и злоставувани деца несебично се подготвени да ни помогнат овој систем да се реализира и во Македонија“, посочува тој.

— реклама —

Се огласи и Детската амбасада „Меѓаши“.В

— реклама —

„Детската амбасада МЕЃАШИ за исчезнувањето на Вања ги алармираше Центарот за исчезнати и злоставувани деца во Србија, CRCA / ECPAT Albania и Missing Children Europe кои веднаш го активираа случајот преку европскиот број за исчезнати деца 116000. Со Игор разговараме за актуелната состојба на полето на детската заштита, за воведување на системот Амбер Алерт во Македонија како и за заедничките активности во насока на превенција и заштита на децата.

— реклама —

Разговаравме и за проблемите кои произлегуваат од неможноста за контрола на содржините на Интернет, особено производството и дистрибуцијата на материјали за сексуална злоупотреба на деца. Токму затоа овој месец започнавме со партнерскиот проект ТОМАС кој ќе игра клучна улога во застапувањето за усогласување на националните законодавства во Македонија, Србија и Албанија со предлог-регулативата предложена од ЕУ за спречување и борба против сексуалната злоупотреба на деца.

Како партнерска организација на Центарот за исчезнати и злоставувани деца бевме поканети на студиска посета во нивниот центар во Нови Сад која би се реализирала во февруари следната година со цел размена на искуства и поддршка на организациските напори за поефикасна заштита на децата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања