Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Слупчане остана без струја поради неконтролирани кражби, жителите не дозволуваат влез на екипите на ЕВН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
struja-4

Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на континуирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, денес селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН.

— реклама —

Од ЕВН добивме потврда за прекинот во снабдувањето поради неконтролирано и неовластено користење на електрична енергија.

— реклама —

Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот за дистрибуција.

„Поради континуирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуваат со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти.

— реклама —

Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Се додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот“, наведуваат од Електродистрибуција.

— реклама —

И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80 отсто, исто како што беше случајот во скопското Арачиново. Наплатата е само 20 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања