Службените возила мора да добијат нови таблици до 15 септември, но санкции нема да има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-13-at-10.52.34

Државните институции и јавните правни лица имаат рок до 15 септември да ги заменат регистарските таблици на службените автомобили со нови, во специјална боја. Иако обврската е задолжителна, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, изјави дека правилникот не предвидува казни за оние што нема да го сторат тоа.

— реклама —

„Упатени се насоки и препораки до сите институции да ја започнат промената. Ова е втор повик. Според податоците со кои располагаме, бројот на возила се движи од 7.000 до 7.500, но точна бројка нема бидејќи државата не води соодветен регистар“, рече Томовски.

— реклама —

Тој посочи дека дел од институциите веќе ги замениле табличките – меѓу нив Владата, Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинската управа. За оние што нема да стигнат до 15 септември, крајниот рок е 29 септември, пред стартот на изборната кампања.

— реклама —

Воедно беше најавено отворање телефонска линија преку која граѓаните ќе можат да пријават евентуална злоупотреба на службени возила, а секоја пријава ќе биде евидентирана и обработена според законските процедури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања