(Сметки) Со што милуваат да се гоштеваат функционерите од државна каса: ручек плаќаат по 17 илјадарки, а јадат слатко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Untitled-1

Владината листа на како што ги нарекоа, лускузни производи, ја налути јавноста. Новинарот Кристијан Ландов објави неколку сметки од кои се гледа што функционерите сакаат да јадат во владиното бифе. Таа е од 2022 година, а се плаќа од државна сметка.

— реклама —

„Говедско соте, телешко печење, плескавица со јунешко, по некој бифтек, сникерс бомбици, може и од оние со лешник, турлитава ама со месо, чоколадна торта, свинско печење, јунешки розбиф, штрудличка, салата од зелка, краставици..

— реклама —

И само ако чујам муабет дека функционери се расфрлале по ручеци на државна сметка! Фејкери! Гледате негде луксузни производи како феферонки, чипс, нудли?! Нѐ штедат.

— реклама —

Функционерите ли ви се криви што не јадете морско рижото и лосос!? И што кога ќе седнете на ручек не плаќате по 17.830 денари сметка?! Сега јасно е дека ја штедат државната сметка и не се луксузираат ниту со лутеница?“, пишува новинарот Ландов.

Тој посочива и: „ако ви покажам други, ќе треба да плачеме заедно..“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања