„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Сметководителите си ја отворија душата, ги кажаа проблемите - најавуваат протест во вторник пред Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
smetkovoditeli

Институционално дозволено нелегално работење, нефункционален закон што дозволува нелојална конклуренција од редовите на државната администрација и пензионерите вработени во десетина фирми, нефункционален институт и куп наметнати обврски без никакви права, се само дел од проблемите што сметководителите денеска му ги предочија на премиерот Зоран Заев.

— реклама —

На трибината во Велес, Александра Андреева, сопственик на сметководствено биро, рече дека нејзината фела со години укажува на овие горливи прашања, но ниту една влада досега немала слух за нив. Укажа и дека повеќе од пет месеци чекаат на новиот закон кој долго се најавувал.

Андреева најави протест пред Владата во вторник и изрази уверување дека премиерот Заев ќе ги прими претставниците од сметководствената дејност на разговор за заеднички да продискутираат и да изнајдат решенија.

— реклама —

-Зборуваме за економија и за развој на стопанството, но за жал, како најважна спрега меѓу државата и стопанството сме заборавени. Во овој критилен период кога ги изготвуваме годишните сметки, се соочуваме со многу проблеми за кои сигнализираме со години наназад. Зборуваме за дигитализација, за подобрување на системите на УЈП, но јас сум жив сведок дека ние секое тримесечие не работиме по осум часа, туку по цели даноноќија. Се молиме во три по полноќ да профункионира системот за е-даноци за да можеме да ги пуштиме даночните пријави. Ако државните институции не не почитуваат нас и нашето работно и слободно време со оглед дека УЈП го прологнира рокот два дена, а тоа се сабота и недела, денеска и утре, тогаш како ќе не почитуваат стопанствениците? Излез гледваме во новиот закон, но пет месеци ништо и наместо ние да го скроиме, тоа го прават консалтинг куќите, истакна Андреева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања