Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Смилевски: За четири години ги зголемивме приливите на Општината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
velimir

Кандидатот за градоначалникот на Општина Бутел од СДСМ, Велимир Смилевски, денес гостуваше на ТВ24 во предизборната дебата на кандидатите за иден градоначалник на оваа скопска општина. Во аргументацијата со неговиот противкандидат за градоначалник на Бутел од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дарко Костовски, околу инфраструктурните проекти и развојот на Бутел, тој посочи дека пред неговото доаѓање на функција, тогашните општински власти, предводени токму од функционери на ВМРО ДПМНЕ, воопшто не мислеле на развојот на Бутел и не носеле соодветни Детални урбанистички планови.

— реклама —

“Како илустрација, во изминатите 12 години, пред мојот мандат, вкупно се изработени осум ДУП-ови. Додека за четири години, откако сум јас градоначалник, донесени се осдум ДУП-ови, а 21 се во фаза на разгледување во Министерството за транспорт и врски. Има разлика. Овие стратешки документи се основа за градење, развој и урбанистички, но и економски, на една општина.”, рече Смилевски. Не се мислело на развојот на Бутел, а ако некој во тие 12 години планирал да изгради амбуланта, поликлиника, некој требал да ја впише, да ја вцрта и да се обзбедат средства за нивна рализација, посочи тој.

Развојот на Бутел во изминатите години Смилевски го илустрираше и со растот на општинскиот буџет, кој директно профитира од економскиот раст на Општината.

— реклама —

“Во изминатите четири години, успеавме да ги зголемиме приливите на Општината. Во 2017 година наследивме основен буџет од 112 милиони денари, а во 2020 тој буџет изнесуваше 187 милиони денари. Историски

најдобар беше буџетот во 2019, кој што изнесуваше преку 200 милиони денари.”, потенцираше Смилевски.

Што се однесува до Полициската станица и Противпожарната станица, Смилевски истакна шокантен факт дека иако тие биле предвидени во ДУП-от, тогашната локална власт на ВМРО ДПМНЕ го продала на лицитација

земјиштето наменето за нивна изградба.

“Се најде нова парцела и ДУП-от е во последна фаза на изработка со цел изградба на овие објекти. Парите за полициската станица се обезбедени”, рече Смилевски. Во овој контект, како дел од капиталните реализирани проекти, тој ја посочи Градинката која е ветена за изградба во населеното место Расадник, дека ќе се гради во ОУ Климент Охридски, пред сè, детерминирано според бројот на дечиња што би оделе таму. Тој нагласи дека Основниот проект е изработен, а парите за изградба на градинката се обезбедени од ТАВ, во висина од 700.000 евра.

“Во врска со училиштето во Визбегово, уште од пред мојот мандат, какограѓани, бевме излажани од претходната власт од тогашната локална власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, дека сите услови за изградба на

училиштето во Визбегово се обезбедени. Но, ништо од ова не беше точно. За изградба на основното училиште во Визбегово ние обезбедивме целосна канализациона, водоводна и електрична мрежа, како и пат до местото на кое е предвидено да се гради училиштето. Донесен е и нов ДУП, кој што е прилагоден според потребите на училиштето!”, рече кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Бутел, Смилевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања