Смртна казан за пет лица за убиството на Кашоги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
kasogi-1

Суд во Саудиска Арабија осуди на смрт пет лица обвинети за убиството на новинарот Џамал Кашоги минатата година. Кашоги, познат критичар на саудиската влада, беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и неговото тело никогаш не е пронајдено. За неговото убиство им се судеше на 11 неименувани лица, додека експерт на Обединети нации повика да се истражи и евентуална вмешаност на принцот Моамед бин Салман. Тој негираше дека има каква било врска со убиството на Кашоги, но во октомври изјави дека „презема целосна одговорност како лидер на Саудиска Арабија бидејќи го извршиле поединци кои работат за саудиската влада“.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не ги исполни меѓународните стандарди, објави организацијата Хјуман рајтс воч.

Педесет и деветгодишниот Кашоги, кој пишуваше критички колумни за „Вашингтон пост“, за последен пат беше виден на 2 октомври 2018 на влегување во саудискиот конзулат.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања