Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Смртна казна со каменување во Брунеј за хомосексуалност, неверство и силување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
brunei

Во Брунеј ќе биде воведена смртна казна со каменување. Суровата мерка ќе се применува во случаи на истполов однос, брачно неверство и силување, информира „Саут Чајна Морнинг Пост“.

— реклама —

Измените во законот предвидуваат на крадец, фатен во кражба првпат, да му биде отсечена десната рака, а при втор прекршок – левата нога. Казните ќе важат и за деца.

Се очекува измените, кои се засновани на шаријатот, да бидат официјално објавени од шефот на државата, султан Хасанал Болкијах на 3 април.

— реклама —

„Хјуман рајтс воч“ и „Амнести интернешнал“ го осудија новиот кривичен закон и предупредија дека тоа ќе го намали престижот на земјата и може да доведе до одлив на туристи и инвеститори.

Брунеј е апсолутна монархија со население помалку од половина милион луѓе, лоцирано на островот Борнео. Се смета за една од најбогатите земји во светот, а приходите главно доаѓаат од нафта и природен гас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања