Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Смртни казни за Мароканците кои убија две скандинавски туристки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
skandinavski-turistki-ubieni-vo-maroko-2

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две скандинавски туристки минатата година, пренесоа светските агенции.

Луиза Јесперсен (24) од Данска и 28-годишната Норвежанка, Марен Уланд, беа убиени и обезглавени додека планинареле на планините Атлас, а ваквото свирепо злосторство мароканските и данските власти го окарактеризираа како терористички чин.

— реклама —

Подоцна и беше потврдено дека убиството е извршено во име на терористичката организација Исламска држава.

За директна вмешаност во смртта на девојките беа осомничени четворица Мароканци, од кои беше објавено и видео на кое ѝ изразуваат верност на Исламска држава.

— реклама —

Еден од осудените е 25-годишниот радикализиран трговец, Абделсамад Еџуд, кој призна дека го организирал убиството на двете жени, заедно со своите двајца соучесници, Јунес Узијад (27) и Рашид Афати (33).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања