Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Смртоносна концентрација на гас во стан во Германија, пет лица го загубија животот, меѓу нив три деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Свет
germanija-1

Пет лица, меѓу кои три деца, се пронајдени мртви во стан во германскиот град Кел, во сојузната покраина Баден-Виртемберг. Уште две деца се под грижа на медицинските екипи, откако во објектот била откриена опасна концентрација на гас.

— реклама —

Случајот бил откриен утрово, кога децата не се појавиле на училиште. Околу 11:30 часот надлежните пристигнале пред семејниот стан на улицата „Рихард Вагнер“, но бидејќи никој не ја отворил вратата, била повикана полицијата.

— реклама —

Поради високата концентрација на гас, спасувачите првично не можеле безбедно да влезат во станот. Полициските службеници, опремени со заштитна опрема, подоцна ги пронашле телата на таткото, уште една возрасна членка на семејството и три деца.

— реклама —

Еден полицаец и една жена биле полесно повредени од изложеноста на гас и биле пренесени во болница. На местото интервенирале полициски, противпожарни и медицински екипи, како и спасувачки хеликоптер.

— реклама —

Засега не е познато дали станува збор за технички дефект или за кривично дело. Германската криминалистичка полиција спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на трагедијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Германија извезува повеќе струја, но и натаму увезува повеќе и плаќа поскапо

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryqrluegs2e0e36Z3vGM4

Во болница во Берлин избувна пожар, полицијата се сомнева дека еден пациент запалил кревет

Свет | пред 7 часа

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Германија ги тестира новите борбени дронови во близина на границата со Белорусија

Свет | пред 22 часа

media-libraryk1nhuj12of562eYWAka

Жените добиваат исто право како мажите: Во германски град се дозволува капење без горен дел од костимот

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања