Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Смртоносна сообраќајка кај Радичево: Загина 58-годишен маж, 19-годишник возел со 1,32 промили алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 55 минути -

Македонија
media-libraryjeeo46gjgks9eFdhvo7
Илустрација / Скопје1

Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила во раните утрински часови на магистралниот пат Струмица–Радовиш, во близина на селото Радичево, Општина Василево.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 25 октомври 2026 година, околу 02:00 часот. Во неа учествувале патничко возило „пежо“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Н.В. од селото Злеово, и возило „мицубиши“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Р.С. од селото Добрејци.

Од здобиените повреди, 58-годишниот возач на „мицубиши“ починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

— реклама —

Во несреќата телесни повреди добил и 36-годишниот сопатник во „мицубиши“, со иницијали Д.А., од селото Дабиле.

— реклама —

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. При увидот било утврдено дека 19-годишниот возач на „пежо“ управувал под дејство на алкохол. Алкотестирањето покажало 1,32 промили алкохол во крвта, по што тој бил лишен од слобода.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Од МВР информираат дека случајот се документира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh00542jtboe03EHRGhN

Малолетник од Боговиње случајно застрелал 15-годишник во стомакот

Македонија | пред 25 секунди

— реклама —
media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

Пример за чесност: Млад делчевец пронашол лични документи и над 200.000 денари во пари, па ги предал во полиција

Македонија | пред 20 минути

media-libraryelnsls13q2tubid3wIc

Со 1,45 промили алкохол удрил во мотоциклист во Марвинци, 57-годишник тешко повреден

Македонија | пред 42 минути

media-librarycpn9g3mq12ae3u5VslC

Пијан 19-годишник без возачка дозвола се забил во бетонски столб па во излог во село Пирок, тројца тешко повредени

Македонија | пред 58 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања