Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Снег вее на цела територија на Македонија, на некои патни правци воведена е забрана за движење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на цела територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).

Од таму додаваат дека поради снежни врнежи воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец, крак Маврово-Дебар.

— реклама —

Според информација од ЈП Македонија Пат, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М. Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

— реклама —

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.

— реклама —

Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15. март годинава.

— реклама —

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања