Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Снег, забрана за возење, влажни коловози - внимателност ако патувате

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Забрана за тешки товатни возила има на патните правци Двориште – Струмица и  Крива Паланка – Деве Баир, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Прилеп, Охрид, Крушево и Пресека. Појаки врнежи од снег има на Попова Шапка, Плетвар и Берово.

— реклама —

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

— реклама —

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања