Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Снегот предизвика прекини на струјата во тетовско и гостиварско, патиштата се расчистуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 35 минути -

Македонија
sneg-605x420

Патната мрежа низ Македонија засега е проодна, но поради снежните врнежи сообраќајот на одредени места се одвива во зимски услови, со влажни коловози и остатоци од кашест снег. Најмногу проблеми се регистрирани во тетовскиот регион, каде повеќе населени места останале без електрична енергија.

— реклама —

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 13:30 часот, екипите на надлежните претпријатија се на терен и работат на расчистување и посолување на патиштата.

— реклама —

Во тетовско и гостиварско, покрај расчистувањето на патиштата кон повисоките населени места, пријавени се прекини на електричната енергија во повеќе села. Без струја се Попова Шапка, Лисец и Гајре, дел од селата во општините Брвеница и Боговиње, како и голем број населени места во гостиварскиот регион.

Во Кратово снежната покривка во градот достигнува околу пет сантиметри, додека во селото Мушково има околу 15 сантиметри снег, поради што движењето се одвива со теренски возила. Во Старо Нагоричане има од три до пет сантиметри снег, а во повисоките планински места во велешкиот регион снежната покривка е околу 10 сантиметри.

— реклама —

Во скопскиот регион сите патишта се проодни, но на одредени места има кашест снег. Во останатите региони, вклучително и Битолско, Штипско, Струмичко и Охридско, патните правци се проодни, со претежно влажни коловози.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека екипите продолжуваат со расчистување на патиштата, а засега нема опасност од излевање на реките во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryhuvlrvmak8sn03n3U2x

(Галерија) Снежна покривка од 40 сантиметри на Пелистер

Македонија | пред 29 минути

— реклама —
media-libraryqr4n1vcacpduea8A8Y0

(Галерија) Сакате снег? Еве како е низ Скопје, Стража, Маврово, Крушево

Македонија | пред 1 час

media-library96r8tile8p449zT2Qqu

(Фото) Во Крушево 40 сантиметри снег! Вистинска зимска идила низ улиците

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg4vqo12inr418cJzeJw

(Видео) Снегот ја прекри Стража, зимата пристигна во полн сјај

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања