„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Снежана Калеска –Ванчева: Иванов не смее ниту да помисли да амнестира осудени за настаните од 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_6024

Јавноста веќе знае дека до Ѓорге Иванов се поднесени 27 барања за амнестија поврзани со настаните од 27 април. Но она што целата јавност треба да го знае и за коешто искрено се надеваме дека ќе го разбере и претседателот во заминување е дека во никој случај не треба да помисли на таков чекор, истакна Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

— реклама —

Oва го говориме затоа што независно од неговата уставна можност она што членот 84 од Уставот му го дава, а тоа е да одлучува и за барања за помилувања во конкретниот случај зборуваме за барања за амнестија поднесени од осудени лица за настани којшто државата ја однесоа и можеа да ја доведат до работ на граѓанска војна.

— реклама —

Се прашуваме дали во овие последни мигови на неговата функција како претседател на државата треба повторно да се втурне во една таква авантура.

— реклама —

Дали треба да се држи строго на она што Уставот му го дава и она што го пропишува членот 11 од Законот за помилување или треба да се издигне конечно над она што значи политиканство, кое што го спроведува последните 10 години.

Навистина се надеваме дека конечно разумот ќе завладее и дека до крајот на неговиот мандат, а тоа е до 5 мај кога ќе биде избран новиот претседател, овој претседател ќе каже НЕ на понатамошна амнестија.

Граѓаните заслужуваат секој оној коишто направил криминал да одговара за криминалот особено кога зборуваме за криминал од такви размери.

На 5 мај граѓаните ќе го добијат новиот претседател, господинот Стево Пендаровски коишто знаеме дека цврсто ќе застане на браникот на владеењето на правото и ќе ја поведе оваа држава напред кон евроатланските интеграции, кон ЕУ и што е уште поважно конечно во оваа држава граѓаните ќе имаат надеж дека владее правото, истакна Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања