„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Снимено e бегството на убиецот на Кирк, човекот што го фотографирал местото на атентатот е уапсен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-09-12-124527

Одделот за јавна безбедност на американската сојузна држава Јута објави снимка од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист Чарли Кирк. На снимката се гледа маж како трча преку покрив на училишна зграда, а потоа влегува во блиската шума, каде подоцна била пронајдена пушката со која Кирк бил убиен.

— реклама —

Да потсетиме, конзервативниот инфлуенсер и близок сојузник на Трамп беше застрелан во среда во вратот додека им се обраќаше на присутните на универзитет во Јута. Беше пренесен во болница, но наскоро почина. Напаѓачот сè уште е во бегство.

— реклама —

🚨 NEW FOOTAGE ::: SHOOTER ON ROOF

FBI releases exclusive close-up footage of Charlie Kirk shooter suspect jumping off Utah Valley University roof, 3 mins after the assassination. Suspect fled the scene, with over 7,000 tips already received. #CharlieKirk pic.twitter.com/dYj4Qk4qAm

— Culture War Report (@CultureWar2020) September 12, 2025

Инаку, едно лице е уапсено откако успеал да упадне на местото на атентатот на Универзитетот Јута Вели за да снима фотографии и видеоснимки на доказите, како и селфи, пренесува телевизиската станица KUTV.

Според полицијата, 38-годишниот Расел Ким Кенингтон од Плезант Гроув, Јута, е обвинет за попречување на правдата и незаконито влегување на туѓ имот. Тој, облечен во бел лабораториски мантил, ја поминал полициската лента на местото на злосторството и започнал да фотографира и снима докази, а во еден момент направил и селфи. Селфито било пронајдено откако полицијата му го одзела мобилниот телефон.

Најважни сознанија од истрагата

Шефот на Одделот за јавна безбедност на Јута изјави дека сè уште не е познато каде се наоѓа убиецот.

Истовремено, Wall Street Journal објави дека на куршумите биле пронајдени слогани поврзани со „антифа“ и трансродова идеологија, но извор близок до истрагата за New York Times нагласил дека тоа не се совпаѓа со официјалните резимеа на доказите.

Објавена е и снимка од бегството на осомничениот, а повеќе медиуми јавуваат дека полицијата веќе располага со име на напаѓачот.

ФБИ понуди награда од 100.000 долари за информации што ќе помогнат во расветлување на убиството. Воедно, на пронајдената пушка и куршуми биле уочени гравури со транс и антифашистички слогани, додека од местото на злосторството се обезбедени и снимки од лицето на осомничениот и отпечатоци од дланка и подлактица.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го одликува Чарли Кирк со Претседателски медал на слободата.

Потрагата по напаѓачот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања