Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Снимки го откриле осомничениот за убиството во Охрид, жртвата ја убил со бокс и задушување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryv56l2e6i41vp0V18zQz

ОЈО Охрид отвори истрага против 53-годишен маж од Брвеница, осомничен дека од користољубие го убил охриѓанецот Климе Митрески, со кого имал договор за доживотна издршка и наследување имот по смрт. Убиството наводно се случило на 25 март во домот на жртвата, по расправија околу намерата договорот да се раскине. Осомничениот го нападнал од зад грб, го удрил со бокс и му го спречил дишењето, по што заминал; дејствијата се документирани со видео надзор. Делото се третира како убиство од користољубие (минимум 10 години или доживотен затвор), а обвинителството бара притвор поради ризик од бегство и влијание врз сведоци/докази.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истражна постапка против 53-годишен маж од тетовска Брвеница, осомничен дека од користољубие го убил охриѓанецот Климе Митрески, со кого имал договор за доживотна издршка.

— реклама —

Според обвинителството, делото било извршено на 25 март во домот на жртвата во Охрид, откако осомничениот сакал да го спречи Митрески да го раскине договорот склучен кај нотар во февруари 2025 година, со кој по неговата смрт требало да стекне значителен имот.

— реклама —

По вербална расправија, осомничениот го нападнал жртвата од зад грб.

— реклама —

„По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт“, соопштува обвинителството.

Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, осомничениот го напуштил местото на настанот.

Неговото присуство и движење се документирани преку видео надзор.

„Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази“, информираат од обвинителството.

Станува збор за особено тешко кривично дело – убиство од користољубие, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Поради сериозноста на делото и ризикот од бегство, како и можноста осомничениот да влијае врз сведоци или да прикрие докази, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9n20i3u77qh07k3S1s7

Човекот кој се закануваше кон Заев е осомничениот за убиството во Охрид, неофицијалниот мотив е побрзо стекнување со имот

Охрид | пред 8 часа

media-libraryjm294rdt110cd6HmbvC

Од денеска директни летови од Охрид до Братислава, од 29 март и до Милано

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk2rhrdf4kass4CNcJgW

Охрид добива нови авиолинии: директни летови до Братислава и Милано

Охрид | пред 1 седмица

ohridsko-ezero

Од 17 март нов директен лет меѓу Охрид и Братислава

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања