Сниран проблемот со греење во студентскиот дом „Кузман“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
kuzman

Од студентскиот дом „Кузман“ информираат дека дефектот со пумпата на мазут и дизните поради што се јави прекин во доставата на топлата вода и парното греење е саниран.

— реклама —

„На место на старата пумпа се постави нова со што домот повторно се стави во функција. Вработените од секторот за одржување се сомневаат дека дефектот настанал поради неквалитетен мазут. Државниот студентски центар анализа од примерот мазут ќе испрати на испитување за да ги провери сомневањата на вработените.

— реклама —

Директорот на државниот студентски центар Дарио Николовски беше во домот за одблизу да се запознае со причините и сомнежите за настанатиот дефект. Со студентите покрај актуелната состојба разговараа и за други теми кои го засегаат работењето на домот.

— реклама —

Државниот студентски центар со сите средства се обидува да ги отстрани ваквите проблеми кои поради дотраената инсталација многу често се повторуваат. Во таа насока неодамна побаравме поголема партиципација од државата. Со тие средства повторно би ги вратиле во функција студентските домови.

Ги уверуваме студентите дека проблемите ќе почнат да се решаваат и дека условите за учење во студентските домови ќе бидат подобри“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања