Едвард Сноуден изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги се уште би бил жив додколку израелската компанија NSO не и ја продала технологијата на Саудиска Арабија.
„Постои можност Кашоги се уште да би бил жив доколку NSO не и ја продала опасната технологија на Саудиска Арабија, која е земја со долга историја на кршење на човековите права“, изјави Сноуден во интервју за израелскиот весник Jediot ahronot.
Тој додаде дека иако компанијата NSO тврди дека спасува животи, таа го прави токму спротивното.
Во интервју за иститот весник, директорнот на NSO, Шалев Хулио призна дека „Pegasus“ е софтвер кој може да се користи за да ги зарази мобилните телефони со вируси и преку нив да собира податоци. Но, тој негираше дека тој софтвер е користен за пришлушување на телефонот на Кашоги пред неговото убиство во саудискиот конзулат во Истанбул на 2. октомври.
Сноуден вели дека би сакал да верува дека NSO не го хакирал телефонот на Кашоги, но постојат најмалку две можности да се шпиунира за време на разговорите: жртвата и личноста со која жртвата разговара.
„Според доказите, производите на компанијата се вмешани во хакирањето на телефоните на три лица кои биле во контакт со Кашоги“, изјави Сноуден.
Во ноември минатата година Сноуден преку видео линк од Русија се обрати на конференција во Израел тогаш тој го обвини NSO дека продава дигитално средсто за крадење, а не само за фаќање на криминалци и спречување на терористички напади, и дека истото не се користи само за спасување на животи, туку и за заработка.