Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

СНС се заканува: Ќе реагираме на насилство на 1 ноември, Академскиот пленум бара Вучиќ да се откаже од насилството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryk7l8lb1b88kjapPKggd

Се вжештува атмосферата во Србија пред 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад кога погинаа 16 лица.

— реклама —

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, изјави дека државата ќе реагира на „секоја форма на насилство“ доколку на 1 ноември во Нови Сад дојде до инциденти за време на собирот.

Во истиот настап, зборувајќи за барањето на студентското движење за вонредни избори, порача дека се залага изборите да се одржат кон крајот на 2026.

— реклама —

Академски пленум пак ја повика власта да се откаже од насилството кое според нив, го подготвува на 1 ноември за време на одбележувањето на годишнината од несреќата.

Тие укажуваат на подготвеноста на оваа влада, во како што велат сопствената беспомошност, да испрати провокатори и маскирани фигури на комеморативна прошетка што ќе се обиде да предизвика немири.

,,Затоа, ги повикуваме да се откажат од ваквите намери, студентите и сите присутни граѓани ќе сторат сè што можат за да се осигураат дека комеморативниот собир ќе помине мирно и достоинствено, а сите потенцијални провокатори ќе бидат изолирани и идентификувани.Доколку се случи какво било насилство, единствениот виновник и единствениот одговорен ќе биде – лично Александар Вучиќ“, порачаа од Академски пленум.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

protesti-srbija-1

(Видео) Свирежи и и извици „Уааа“ го пречекаа Вучиќ пред партиските простории на СНС

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања