Промени тема
Контакт

Со 400 милиони евра и навремени мерки го амортизиравме ценовниот шок, вели Николоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
fanica-nikolovska

Владата предводена од СДСМ во услови на светска криза, презема навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард и помош на домашните компании, вели Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ

„Пакетот од 26 мерки вреден 400 милиони евра кои брзо и навремено ги донесовме, го штитат економскиот стандард на граѓаните и им помгаат на компаниите да ја сочуваат својата ликвидност, да ги задржат вработените.

Реализацијата на овие мерки веќе дава видливи резултати.

Со намалувањето на ДДВ за горивата и намалувањето на акцизата спречивме нови ценовни шокови и денес, во Северна Македонија има најевтини горива во регионот.

Со намалувањето ДДВ-то за основните прехранбени производи на 0% и замрзнување на маржите спречивме драматично поскапување на потрошувачката кошничка.

— реклама —

Во време на најголема криза финансиски ги помагаме граѓаните и компаниите, целиот фокус е на заштита на животниот стандард.

Ја зголемивме минималната плата и веќе од следниот месец ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е директна помош за над 80 илјади работници кои досега земаа 15.000 денари.

Во следните три месеци 36.000 семејства со ниски приходи и околу 330.000 пензионери ќе добиваат по 1.000 денари месечно на своите сметки.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ интервенира и во намалувањето на трошоците за електрична енергија, преку субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја на домаќинствата. Но, и преку ваучери за сметки за електрична енергија кои ги добиваат околу 6.500 домаќинства.

Владата воспостави Интервентен фонд за поддршка на земјоделците кои во време на криза се соочуваат со потешкотии во производството.

— реклама —

За помош на компаниите на располагање се ставаат неколку механизми за помош и поддршка во одржувањето на ликвидноста и конкурентноста.

Невработесноста и во време на криза успеавме да ја намалиме на досега најниско ниво од околу 15 проценти.

Пред нас е тешка година, но со правилен пристап, со насочување на парите кон граѓаните, кон стопанството, кон сите оние на кои им се најпотребни во време на криза, сите предизвици заедно и успешно ќе ги совладаме“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања