Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Со  61 глас „за” и ниту еден „против”, Насер Зибери избран за народен правобранител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ziberi

Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител, со  61 глас „за” и ниту еден „против”.  На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери на функцијата ќе го наследи Иџет Мемети.

— реклама —

Опозицијата предводена од Алијанса за Албанците/Алтернатива до последен момент бараше мнозинството да го повлече предлогот, зашто Зибери, според нив, е синоним за лагата на ДУИ за прв кандидат за премиер Албанец.

— реклама —

Пратеникот Панчо Минов,  кажа дека како пратеници во првиот состав на Собранието на Македонија, има само убаво сеќавање за Зибери.

— реклама —

Гордана Сиљановска Давкова пратеник од ВМРО ДПМНЕ истакна дека во политичките системи и во науката никаде не постои кандидат за премиер, зашто, како што рече, се знае како се станува премиер. Но, повика тоа да биде непартиска личност, што Зибери не е.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања