Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Со 62 гласа ,,за", Собранието ја разреши Рашела Мизрахи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
1-3-1

По речиси шест часа расправа Собранието со 62 гласа „за" ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

— реклама —

Премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за нејзино разрешување. Тој пратениците рече дека побарал разрешување поради серија јавни настапи во МТСП пред табла со името „Република Македонија", наместо Северна Македонија. Тој потенцираше дека несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува.

— реклама —
Искрено се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат за местото министер за труд и социјална политика, кандидат кој ќе ги почитува Уставот и законите и кој ќе го даде својот првенствен придонес во организацијата на фер и демократски избори, и кој ќе овозможи непречено функционирање на министерството во испораката на услугите кон граѓаните, рече премиерот.

-Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во Влада бев мета на антисемитски напади  од лица кои ниту бираат средства, ниту начин, ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда, истакна Мизрахи .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања