Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Со 7.000 млади крапови се збогатува рибниот фонд на Преспанското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-libraryt83jcdg4lpuubjxOOVr

Рибниот фонд на Преспанското Езеро е збогатен со околу 7.000 млади крапови, откако денеска во езерските води беше пуштен еден тон подмладок од овој вид риба.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, младите крапови се добиени од икра на матици од самото езеро. Порибувањето го спровело регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, со финансиска поддршка од 500.000 денари обезбедена преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

— реклама —
— реклама —

Министерот Борче Серафимовски истакна дека со оваа активност се поддржува обновата на локалната популација на крап и се исполнува обврската за зачувување на биолошката разновидност на Преспанското Езеро.

Порибувањето го следеле инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, кои ја контролирале вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото.

— реклама —

Директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски, најави засилени контроли на Преспанското Езеро и продолжување на соработката со риболовните здруженија за спречување на незаконскиот риболов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања