Со 99% слепило, возел товарно возило и усмртил жена во Неготино – обвинителството отвори истрага за лажни документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
policija-policaec

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена во сообраќајна несреќа. Обвинетиот, кој бил корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост поради слепило, сепак управувал „Ситроен Џампер“ со велешки таблички без важечка возачка дозвола.

— реклама —

Несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Пепелиште–Неготино, на место викано „Лаки“, кога обвинетиот не забележал пешак и со ретровизорот ја удрил 67-годишната Ангелина Ангелова по главата. Жената била отфрлена надвор од коловозот и починала од тешките повреди – скршен череп, пршлени и повеќе коски.

— реклама —

Истрагата утврдила дека, иако имало одреден пропуст кај жртвата, тој е оценет како секундарен во споредба со грубото прекршување на правилата од страна на возачот.

— реклама —

Најшокантниот дел од случајот – обвинетиот, иако со документирано слепило од 99%, не само што управувал со возило, туку и успеал да ја обнови својата возачка дозвола во текот на истражната постапка.

Обвинителството побарало од ОВР Неготино да спроведе дополнителни проверки за тоа како обвинетиот воопшто се стекнал со возачка дозвола и инвалидска пензија, односно дали е можно да се работи за злоупотреба или лажна медицинска документација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања