Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Со антикризните мерки граѓаните штедат во просек 2.150 месечно за струја, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Владата и институциите предводени од СДСМ успешно се справуваат со последиците од светската економска криза, најголема во последните неколку децении, вели СДСМ

„Резултатите од антикризните мерки вредни 400 милиони евра се видливи и реални.

Само преку мерката за субвенционирање на сметките за електрична енергија сметките за струја на едно семејство денес се пониски за 2.150 денари.

— реклама —

Тоа е сериозна заштеда на средства на месечно ниво.

— реклама —

Покрај намалување на трошоците, во време на криза растат платите и пензиите. Минималната плата од овој месец изнесува 18.000 денари, а просечната плата за месец јануари е 29.980 денари.

330.000 пензионери овие три месеци добиваат дополнителни 1.000 денари финансиска помош, а обезбедивме и рекордно зголемување на пензиите.

— реклама —

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања