Промени тема
Контакт

Со антикризните мерки на Владата се спречи нов ценовен шок врз граѓаните, вели Николова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки го штити стандардот на граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска и енергетска криза. Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа додава:

„Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни.

Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и горивата за транспорт.

— реклама —

Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари.

Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош.

Истовремено, важно е да се напомене дека во пакетот антикризни мерки, особено внимание е посветено на мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и на финансиска поддршка за фирмите преку Развојната банка.

— реклама —

Почитувани,

И во време на светски кризи, како одговорна партија продолжуваме да работиме на мерки и политики што го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат стабилна економија“.

— реклама —

линк до видео:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања