Промени тема
Контакт

Со антикризните мерки, сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
smetkovoditeli

Во време на светска криза, Владата предводена од СДСМ презеде навремени и ефикасни мерки кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат помош за компаниите, вели СДСМ

„Благодарение на антикризните мерки, сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

Со намалување на ДДВ за основните производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда има во однос на сметките за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните во просек би биле повисоки за 2.150 денари на месечно ниво.

— реклама —

Граѓаните секој месец заштедуваат околу 300 денари преку намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% за горивата.

Минималната плата порасна на историски највисоки 18.000 денари, што е за двојно повеќе отколку пред четири години.

Пред неколку години за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати, денес две минимални плати се доволни да се покрие кошничката која за март изнесува 36.768 денари.

— реклама —

Потрошувачката кошничка за месец март е зголемена за околу 1.000 денари, но разликата се покрива со дополнителните 1.000 денари помош за следните три месеци кои ја добиваат 330.000 пензионери и околу 35.000 семејства со ниски примања.

Платите растат во сите сектори. Во изминатите четири години, платите во образованието пораснаа за 20%, во здравството, лекарите добиваат од 23 до 40% повисоки плати, вработените во градинките сега добиваат плати повисоки за 21% отколку пред четири години, пораснаа платите и во одбраната, полицијата, културата и јавната администрација.

— реклама —

Согласно рокот предвиден во Законот за минимална плата, следува и усогласување на сите плати.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство продолжува да дава силна финансиска поддршка и помош на граѓаните во услови на најголемата економска и енергетска криза со која се соочува светот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања