Промени тема
Контакт

Со антикризните мерки спречивме ценовен шок, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0109

Со пакетот антикризни мерки вреден над 400 милиони евра Владата предводена од СДСМ даде силна финансиска поддршка и помош на граѓаните во услови на најголема економска и енергетска криза со која се соочува, светот, Европа и нашата земја, вели СДСМ

„Го укинавме ДДВ за основната грана, се ограничија маржите, се намали ДДВ за нафтените деривати и уште многу други мерки со кои месечно се намалуваат сметките на граѓаните за околу 4.000 денари.

Дополнително за да се намали ударот врз животниот стандард, Владата веќе интервенираше со зголемување на минималната плата и обезбедување директна помош за пензионерите и социјално најзагрозените семејства.

— реклама —

Денес со две минимални плати може да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка за разлика од порано кога беа потребни 4.25 минимални плати.

— реклама —

Тоа е одговорност.

Од друга страна што прави ВМРО-ДПМНЕ? Седи на страна, неоснованао критикува а нејзините градоначалници аздисуваат со парите на граѓаните и трошат милиони евра само за партиски вработувања.

— реклама —

Има голема разлика. Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе сака следниот пат неосновано да обвинува нека побара прво од своите градоначалници да пренаменет милиони евра за граѓаните“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања