Вчера во 18.55 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од К.Б. (40) од Тетово удрило во С.С.(57) од Гостивар.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Општата болница Гостивар“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа ОВР Гостивар.