Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Со „Авицена“ женската трка, освен победничките победија и дисциплината и почитувањето на мерките против КОВИД 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Avicena-Zenska-Trka-3

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје, денеска се одржа Авицена Женска трка. Трката се трчаше според специјалниот протокол кој што беше одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење на маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Тие ја стартуваа трката пред главниот влез на А1 Арена - СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, потоа трчаа лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде што свртеа десно во Градскиот Парк каде што патеката беше уредно означена со конуси и траки. Волонтерите ги насочуваа учесничките до самата цел во Градскиот Парк зад Ботаничката Градина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања