Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со блокадите на Собранието и европскиот пат Мицкоски се стави на погрешната страна на историјата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski06052022

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, со блокирање на евроинтеграциите и на носењето важни законски решенија за граѓаните во Собранието повторно се стави на погрешната страна на историјата, вели СДСМ

— реклама —

„Владата предводена од СДСМ ги започна преговорите за членство во ЕУ, за реализација на стратешкиот интерес за полноправно членство во ЕУ како Македонци, кои говорат македонски јазик, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции и блокади на евроинтеграциите, на штета на државата и на граѓаните.

— реклама —

Истовремено над 50 закони со месеци се закочени во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е неодговорно во време на криза. Голем дел од овие законски измени се за граѓаните, стопанството и енергетскиот сектор полесно да ја поминат кризата.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокираше законски решенија и за време на пандемијата со коронавирусот, блокираше и кога немаше криза.

— реклама —

Мицкоски лицемерно продава лажна загриженост за граѓаните, само декларативно се залага за членство во ЕУ, а истовремено блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата.

— реклама —

Мицкоски се стави на погрешната странa на историјата, но не може да ја закочи европската иднина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања