Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со Буџетот во 2023 година 274 милиони евра за модернизација на Армијата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
11-1

За 2023 година предвиден е буџет за одбрана од 274 милиони евра кој ќе придонесе за развој и модернизирање на одбраната согласно стандардите на земја членка на НАТО, вели СДСМ

— реклама —

„Третина од буџетот, 88,7 милиони евра, се наменети за модернизација и опрема, за силна и опремена Армија, која може да се соочи со сите предизвици.

— реклама —

Предвидени се набавки на лесни оклопни возила JLTV и STRYKER, систем за противвоздушна одбрана за многу мали височини, набавка на информатичка опрема, опрема за сајбер одбрана и други средства, а главен фокус е опремувањето и подобрувањето на условите за работа на Лесната пешадиска баталјонска група, нашата НАТО единица.

Во одбраната продолжува и реконструкцијата на објекти и инфраструктура на Армијата и тоа со 10 милиони евра повеќе од 2022 година, со акцент на повисоки еколошки стандарди.

— реклама —

Средства се предвидени и за подобрување на стандардот на припадниците на Армијата, повисоки плати согласно измените во Законот за служба во Армијата, за месечниот надоместок за станарина кој сериозно ги надополнува домашните буџети на припадниците на Армијата како и можноста за отпремнина на професионалните војници по навршување на 45-тата година старост во висина од 20-25 илјади евра.

— реклама —

Буџетот за одбраната е инвестиција во државата, во граѓаните, во националната и колективна безбедност, која овозможува развој на Армијата, повисок стандард на припадниците на Армијата и безбедна држава“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања