Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Со дисперзираниот систем на пациенти, ќе се решава децениски проблем со зависниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
zavisnici

Министерството за здравство ја известува јавноста дека се во тек подготовки за дисперзија на дел од пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција од зависности во Центарот во Кисела Вода. Со ова се решава деценискиот проблем со Центарот за зависности во Кисела Вода. Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе бидат распределени согласно општината во која живеат и според локациите на кои ќе бидат пунктовите.

Дисперзијата ќе следи во општинските пунктови кои се наоѓаат во поликлиниките „Јане Сандански“, во населба Ченто и Бардовци и во Градската општа болница „8 Септември“ во Карпош.

Министерството за здравство смета дека во интерес на пациентите е поддршката од лекарите да ја имаат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот.

Во овие пунктови, пациентите ќе добиваат метадонска терапија,  додека проценката за промена на терапија ќе ја прави психијатарот кој е одговорен за пациентот и истиот ќе утврди колку пати неделно пациентот треба да ја зема терапијата.

— реклама —

Со оглед на тоа дека во пунктовите ќе бидат третирани околу 120 пациенти, кои се дел од програмата за лекување и третман, веќе нема да се создава метеж околу пунктовите и ќе се зајакне контролата на целиот процес.

На лекарите исто така ќе им биде олеснета работата бидејќи ќе имаат помал број на пациенти. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на јавната здравствена установа во која се вработени и во која ја извршуваат здравствената дејност во однос на лекување на зависностите, а тоа е Психијатриска болница–Скопје.

Во тек се административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Штом завршат овие подготовки, пунктовите веднаш ќе бидат пуштени во функција.

— реклама —

Министерството за здравство нагласува дека ниту еден пациент не смее да биде дискриминиран по ниту еден основ, наша обврска е да се грижиме за секој пациент подеднакво.

Едно од основните човекови , загарантирани права е да добие здравствена заштита.  Секој има право на достапна и квалитетна здравствена заштита и услуга.

— реклама —

Дисперзијата е  системско решение кое Министерството за здравство успеа да го реши во полза, пред се на пациентите, потоа и на сите граѓани во земјава. Ваквите процеси треба да бидат поддржани од сите нас, само така ќе напредуваме, нема потреба од стигми и стравови. Целиот процес на лекување на овие пациенти ќе биде строго контролиран, а во него, покрај здравствените работници ќе бидат вклучени и сектори од други министерства, невладиниот сектор кој работи со оваа целна група на лица, но и семејствата на пациентите.

Министерството за здравство силно верува дека овој процес на дисперзија од Кисела Вода во другите општини на овие пациенти е во интерес на заедницата, на напредок на здравствениот систем и соодветен третман на пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања