Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Со една минимална или просечна плата во државата не може да се наполни ниту една потрошувачка кошница, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
market
Илустрација

Додека Димитар Ковачевски мести криминални тендери за изградба на коридорите 8 и 10д, додека државата губи над 40 милиони евра поради пропадната еврообврзница и неизграден клинички центар, СДС се фалат дека ја покачиле минимална плата и пензиите, а граѓаните тонат во сиромаштија и беда, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Над 500.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата

— реклама —

Само забегана, неспособна влада и трајно неспособен премиер како Ковачевски може да се фали дека има покачување на минималната плата во време кога државата се соочува со двоцифрена инфлација.

Инфлацијата во Македонија како резултат на неспособноста на владата изнесува вртоглави 17,1 процент и ја јаде вредноста на парите. На едно четиричлено семејство за еден месец да ги задоволи основните животни потреби за еден месец за храна, сметки за домување, облека, обувки и лекови потребно му се 50.799 денари. Што значи дека со една минимална или просечна плата во државата не може да се наполни ниту една потрошувачка кошница.

— реклама —

Згора на тоа, Владата замрзна само неколку цени на прехранбените производи, додека сите други цени стигнаа до плафон. И ова е задоцнета мерка од која никаков бенефит немаат граѓаните.

— реклама —

Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, ако навистина СДС и Ковачевски водат грижа за квалитетот на живот на граѓаните, тогаш само со реален раст на платите и пензиите ќе го зачува стандардот на граѓаните.

СДС и Ковачевски тераат гола политика. СДС и Ковачевски не можат да ја согледаат вистинската состојба. Ним единствен интерес им се криминалот и бизнис зделките.

— реклама —

Што побрзо заминат толку подобро е за граѓаните и државата.

Потребни се промени“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања