Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Со едрилица и пеш се движеле спротивно на здравствените прописи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Struga-prazna

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни настани полициски службеници констатирале дека тие го прекршиле полицискиот час и без да поседуваат дозвола се движеле со пловни објекти – едрилици низ Охридското езеро.

— реклама —

Едно лице е обвинето затоа што се движело пеш низ Струга во време кога во сила била забраната за движење на населението согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Четвртиот обвинет не ја почитувал задолжителната мерка за строга изолација. Имено, тој по пристигнување на територијата на државата имал обврска да биде во 14-дневен државен карантин во хотел Дрим во Струга. Но од страна на полициските службеници бил затекнат како се движи низ ходникот од објектот.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети му предложи на Судот да определи парични казни од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања