Со ФАМЕ’С почнува 43. „Скопско лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
skopsko-leto-2022

Овогодинешното 43-то издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022 свечено ќе се отвори вечер со концерт на Европскиот креативен оркестар при Институтот ФАМЕ’С под диригентската палка на Тимоти Редмонд на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката во салонот на Национална опера и балет.

— реклама —

Овој концерт, како што информираа организаторите, е по повод затворањето на француското претстедателство на Советот на Европа.

— реклама —

Настанот е во соработка со Амбасада на Франција, Француски Институт во Скопје и проектот ФАМЕ’С.

— реклама —

Годинава, како што најавија организаторите, ќе има 30 настани, а како и секоја година, најзастепана ќе биде музиката, но ќе има и театарски претстави, изложби, фото изложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но годинава има и богат избор на меѓународни програми.

Ќе има гости уметници од Јапонија се до САД и Канада, но и гости од регионот, од соседните држави, од Бугарија, Грција, Црна Гора, Србија, но и од европските држави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања