Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со години СДСМ и Пендаровски, Охридскиот маратон го уништувале, за да оваа година стават печат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mkd-335175

Се што фатија СДСМ се уништија. Секоја традиција поврзана со државата и историјата на државата, па макар било и спортска традиција неспособната власт се обидува да ја уништи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со години СДСМ и Пендаровски, Охридскиот маратон го уништувале, за да оваа година стават печат на згаснувањето на 60 годишна спортска традиција за Охрид, но и Македонија.

— реклама —

Со години како организатори, но и покровители СДСМ и Пендаровски не ги исплаќале наградите и наградниот фонд на учесниците. Срамота и брука.

Поданички плашејќи се да не бидат поврзани со поддршка на било каква македонска традиција или некоја манифестација, без тронка срам се откажаа од оваа меѓународна манифестација, која ја промовираше државата во европски, но и светски рамки.

— реклама —

Пари за партиски забави како онаа за Рамковниот договор има, пари за луксуз на министрите на СДСМ и ДУИ има, пари за нови автомобили на министрите има, ама пари за организирање на Охридски маратон оваа криминална власт нема.

— реклама —

Власта соочена со гневот и критиката на охриѓани, но и на сите граѓани проба да спаси нешто кое се обиде да го уништи. Прочитана книга се, СДСМ и Ковачевски знаат само да уништуваат и крадат.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, нема да дозволат да згасне оваа спортска манифестација.

— реклама —

Со сите расположливи средства, но и со мотив за продолжување на традицијата стара 60 години, општина Охрид ќе го организира овој маратон.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Пецаков, уште еднаш покажаа дека знаат како да работат и како се почитува традицијата на Македонија. Охридски пливачки маратон и оваа година ќе има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања