Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Со кликови на лажна порака, скопјанка остана без 850 евра - измамниците роварат во Македонија, операторите не стопираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Лажните пораки за пратки и натаму ги празнат сметките на граѓанитите во Македонија. Илјадници броеви се цел на фишинг напад, а дел од корисниците кои чекаат пратки наседнуваат на лагата и плаќаат, а потоа остануваат со испразнета сметка. „Скопје1“ за овој проблем пишуваше минатата, но и на почетокот од оваа година. Надлежните органи не ги најдоа лицата кои стојат зад кражбите на податоците, а операторите не најдоа начин да ги стопираат криминалците.

Скопјанката Марија Баришин Луче сведочи како сметката и ја испразниле за 850 евра. Таа се жали и на реакцијата од банката. Нејзе и стигнала порака дека треба да плати давачка за царинење.

— реклама —

„Ако добиете ваква порака од Пошта за плаќање данок никако не плаќајте. Ми собраа 850 (100, 250, 250, 250) евра додека чекав да се слушнам со стопанска банка да блокираат и поднесат за рекламација“, пишува таа.

— реклама —

— реклама —

Пораките можат да бидат различни. Граѓани кои добиле пораки за „Скопје1“ сведочат дека има и други содржини на пораките. Всушност, станува збор за слична порака, само на кирилица.

„Вашата нарачка бр... подлежи на царина, ве молиме одете на ... за повторна испорака“, стои во друга порака.

„Скопје1“ и претходно пишуваше за ваквите измами, со апел да не се наседнува.

izmami-posta

Нова година, стари измами - се празнат сметки на граѓани од Македонија преку лажни пораки

Граѓаните и Новата година се мета на измами преку СМС-пораки. Стариот начин на крадење информации, популарно наречен „фишинг“ им ги празни сметките. Реакција има и од НЛБ банка која упати јавен апел.„Повторно се забележани СМС пораки поврзани со наводни поштенски пратки и линк кој води до лажна веб страница на АД „Македонски Пошти“. Доколку добиете СМС порака со ваква содржина, ве молиме не ги споделувајте податоците од вашата платежна картичка, ниту пак вашите лични податоци. Се работи за лажни СМС пораки преку кои се прави обид за измама, односно злоупотреба на вашите лични податоци и финансиски средства“, аламираат од НЛБ Банка.Во содржината, се посочува дека наводна нарачка која тие ја имале, ќе биде вратена оти имаат погрешна адреса. По објаснувањето и линк. Кога ќе се стисне на него, води и до спам страница со логото на Македонски пошти. Тука пак, се бара да се внесат лични податоци како што е адресата.Повеќе за оваа измама:

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања