„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Со лажна сообраќајка му одзеле повеќе од 12.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
paridenari1

На 08.01.2019 година во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од село Лабуништа, струшко, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје, во близина на болницата Филип Втори, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари.

— реклама —

Прво му се доближило едното лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода. Тогаш, Б.С. тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со другото лице. После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода.

Тој му дал пари, а „странецот “ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања