Со лажни потписи на министри се нудело државно земјоделско земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
zemjodelci

Ова информирање на јавноста има за цел да ги предупреди правните и физичките лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост да не подлегнуваат на понуди од лица кои нудат земјоделско земјиште во државна сопственост на брз начин и без спроведување на постапки пропишани со законот за земјоделското земјиште, туку за сите информации да се обратат до надлежната организациона единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Секторот за управување, располагање и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, која ќе им ги даде сите потребни информации за законските постапки за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп или пак да ја користат веб страницата на Министерството каде се објавуваат сите јавни огласи и јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

— реклама —

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста и земјоделските стопанства дека во изминатите месеци се забележани случаи на организирана и свесна измама на штета на правни и физички лица кои сакаат да се стекнат со право на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

— реклама —

Измамата се врши преку фалсификување на потписите на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство кои биле на функција во овој период, а кои согласно законот за земјоделско земјиште се eдинствено надлежни за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

— реклама —

Освен потписите на министрите, фалсификувана е и содржината на договорите за закуп, а истите не се архивирани во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ваквите инкриминирачки дејствија се пријавени во надлежните институции за откривање и гонење на сторители на кривични дела и очекуваме во најбрз можен рок да се откријат сторителите и да се покренат соодветни кривичноправни постапки“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања