Промени тема
Контакт

Со македонско и албанско знаме Шкендија Арачиново го прослави влезот во Првата лига

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-library32vhoon8fq7nbhgMid6

Екипата на Шкендија Арачиново обезбеди историски пласман во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска по драматична пенал-серија го елиминира ФК Пелистер во баражот, одигран во Кавадарци.

Херој на натпреварот беше голманот Столевски, кој блескаше меѓу стативите. Тој одбрани дури три удари во пенал-рулетот, а претходно, во текот на натпреварот, му одбрани и пенал на Ивановски.

— реклама —
— реклама —

По последниот пенал следуваше голема радост кај фудбалерите и стручниот штаб на тимот од Арачиново. Во славјето на теренот можеше да се забележи и македонско знаме, имајќи предвид дека во составот на Шкендија настапуваат и повеќе македонски фудбалери.

— реклама —

Покрај Шкендија Арачиново, денеска пласман во елитното друштво обезбеди и ФК Скопје, додека ФК Брегалница претходно, како првопласирана екипа, го завери враќањето во Првата лига.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања