Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Со мерката за училиштата Владата предводена од СДСМ обезбеди непречен образовен процес во зима, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uciliste

Владата предводена од СДСМ, во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна обезбеди непречено одвивање на наставниот процес во основните и средните училишта во државата, вели СДСМ

— реклама —

„Со последните одлуки и мерки за стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси, сите основни и средни училишта се вклучено во регулираниот пазар на електрична енергија.

— реклама —

Со ова се обезбедува непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, иако тоа беше обврска на општините.

Со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја. На регулираниот пазар, покрај училиштата се вклучуват и здравствените институции, заедно со сите домаќинства и над 70.000 компании мали потрошувачи.

— реклама —

Владата продолжува со субвенционирање на 80% од електричната енергија за домаќинствата.

— реклама —

СДСМ со ефикасни, навремени мерки им помага на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците за надминување на последиците од глобалната енергетска криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања