Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Со мерката „зелена нафта“ околу 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zemjodelci

Со отворање на јавниот повик за  набавка на гориво за земјоделска механизација започна реазлицијата на мерката за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделска механизација пополарно наречена „зелена нафта“, велат од СДСМ.

— реклама —

„Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади кои ќе имаат можност да набавуваат 30 отсто поевтина нафта за својата механизација.

— реклама —

На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостпанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.

— реклама —

Со „зелената нафта“ ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а субвенционирана нафта ќе можат да набавуваат и најмалите земјоделци.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања