Промени тема
Контакт

Со молчењето Спасовски станува соучесник на Асани, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
spasovski

Оливер Спасовски од МВР направи дувло од криминалци и мафијаши блиски до власта на СДСМ и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Цела јавност виде дека вториот човек на БЈБ Ариф Асани ослободува лице кое пука во полициски службеник во Чаир и тоа пред 50тина други граѓани кои ниту криви, ниту должи можеле да завршат со трагични последици. А Спасовски молчи и бега да одговори зошто се уште нема одговорност за Асани.

Точни ли се информациите дека пукачот цела година имало документ за апсење заради одлежување затворска казна и зошто полицискиот записник не се совпаѓа со снимениот настан?

Колку подолго Спасовски бега од одговор, толку по јасно станува дека и тој знаел, но молчел само за “мир“ во коалицијата на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Со ова Спасовски наместо да ги штити полициските службеници кои се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, ја штити мафијата и криминогените дејствија.

До кога Спасовски и Ковачевски ќе бидат испостава на функционерите од ДУИ?

— реклама —

Недозволиво е Асани како вториот човек на Бирото за јавна безбедност чија цел е концептуалното планирање, следење и анализирање на безбедносната состојба и причините за појава на криминалитет и загрозување на јавната безбедност да ослободува вооружено лице кое ја загрозува безбедноста на граѓаните и полициските службеници.

Ако Спасовски нема храброст сам да си поднесе оставка за бројните скандали и криминали за време на неговото министерување, тогаш нека собере храброст и нека го разреши Ариф Асани веднаш од функцијата.

— реклама —

Со ваквото однесување Спасовски не само што го одобрува дивеењето на криминалците и мафијашите, туку е и учесник во истите.

Состојбата во државата мора да се промени. Ова е премногу. Единствен излез и конечно ставање крај се предвремени парламентарни избори веднаш“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања