Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Тошковски најави кратење на раководниот кадар во МВР за речиси 40 отсто, функциите ќе се темелат на професионални критериуми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
toskovski

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нова систематизација на МВР со која ќе се намали бројот на раководни позиции за околу 37-38%, а функциите ќе бидат засновани на одговорности и професионални критериуми, а не на етничка припадност. Тошковски истакна дека сите кои ги исполнуваат условите – образование, искуство и вештини – ќе можат да аплицираат за позиции во раководната структура.

— реклама —

„Клучната измена во рамки на новата систематизација е тоа што од бројка на началници заменици помошници раководна структура во минатото којашто бројка е вака првично слободно можам да кажам дека таа бројка ја намалуваме за негде отприлика над 30% мислам дека беше негде околу 37-38% точно е намалена бројката на раководна структура во рамки на министерството за внатрешни работи што значи тоа тоа значи дека повеќе нема да имаме огромен број на претходно дефинирани помошници заменици подначалници доначалници итн. и нема да имаме функции само за да имаме функции туку ќе имаме функции коишто освен права од аспект на работа од наплата итн. ќе предвидуваат и одредени одговорности конкретни за сите оние дејствија коишто согласно закон подзаконски акти стандардни оперативни процедури итн. ќе ги превземат полициските службеници а особено началниците.

Секој еден којшто ги исполнува условите, има соодветно образование, вештини, години искуство, претходно искуство во рамки на министерството итн. ќе може да биде избран. да аплицира на оглас итн. Јас лично еве можам да кажам дека познавам огромен број на професионалци Албанци, огромен број на професионалци Турци, огромен број на професионалци Роми, Бошњаци секако и Македонци коишто би можеле да бидат дел од идната раководна структура. Сигурен сум на раководна структура во рамки на министерството ќе има и Македонци, ќе има и Албанци, ќе има и Турци и Роми и сите оние коишто ги исполнуваат соодветните професионални стандарди“, изјави Тошковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања