Промени тема
Контакт

Со новите линии на „Виз ер“ ќе се лета до Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
vizzar

Од денеска, нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ (Wizz Air) воведува пет нови линии кои ќе ги поврзат македонските патници со неколку европски метрополи – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел. Новите рути ќе оперираат од Меѓународниот аеродром Скопје и од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид на 27 и 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.

„Многу сум среќен што денес, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии започнуваат од двата аеродроми — во Скопје и во Охрид. Секако, со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на Виз ер. Сигурен сум дека овие пет дестинации ќе бидат многу посетени и сакам да нагласам дека се избрани токму според желбите на патниците кои со нетрпение очекуваа да бидат поврзани со овие градови. Благодарен сум и на тимот на ТАВ Аеродроми кој ја даде својата поддршка за подготовката на овие линии. Верувам дека патниците ќе уживаат во новите дестинации, а ние не запираме тука — посветени сме да обезбедиме уште повеќе линии од двата македонски аеродроми,“ изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово во 6:05 часот, со лет до главниот аеродром во шведската престолнина – Арланда. Првиот лет на рутата Скопје – Бари ќе се реализира денеска во 14:40 часот, додека од Охрид првиот авион за Базел полета напладне.

— реклама —

Утре, на 28 октомври, ќе стартува и линијата Скопје – Мадрид, со прв лет во 16:05 часот. Истовремено, ќе се обнови и линијата Скопје – Ларнака, со лет што ќе пристигне од Кипар во 7:15 часот.

— реклама —

Летовите кон Стокхолм, Бари и Базел ќе се одвиваат двапати неделно — секој понеделник и петок. Линијата Скопје – Мадрид ќе сообраќа секој вторник, петок и сабота, а Скопје – Ларнака — вторник и сабота.

Од ТАВ Македонија очекуваат голем интерес за новите рути, бидејќи сите пет градови се меѓу најбараните туристички дестинации во Европа.

— реклама —

Од петте нови линии, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар — главниот град на Македонија за првпат ќе има директна врска со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град. Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова рута што ќе се реализира до главниот аеродром Арланда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn2h7u3jjju4n2JKglzj

(Видео) Пожар во облакодер во Мадрид, евакуирани стотици лица

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryeod3qcls8u1sdo6IIyV

(Видео) Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид, барајќи оставка од шпанскиот премиер

Свет | пред 3 месеци

media-librarylcjm4tt3m5mh5GYpwUY

Овој европски град е прогласен за најдобра дестинација за соло патници

Патувања | пред 5 месеци

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Мадрид со остар потег: Забрана за американски летови во операции против Иран

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања