Медицинар од болницата „8 септември“ бил расечен со нож од пациент кој имал „Ф“ дијагноза, што значи психичко растројство. Станува збор за помала расекотина, а обидот е осуден од страна на Независниот синдикат на здравствените работници.
„Насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во домовите и возилата, а во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми“, порача Синдикатот.
Тие бараат да се зголеми безбедноста на персоналот.
„Директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараме зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции“, додава Синдикатот.
Пациентот кој го нападнал медицинарот има 77-години.